Министерот за животна средина Насер Нуредини притиска државните институции да се откажат од пластична амбалажа и на тој начин, не само што власта ќе придонесе за намалување на загадувањето со пластика, туку и ќе даде пример за приватните компании и граѓаните, а ќе ги поттикне производителите на храна, вода и други пијачки постепено да го префрлаат пакувањето од пластика кон стакло.

Toj вели дека веќе неколку седници на Владата се дискутира за неговиот предлог, со тоа што исфрлањето на пластиката ќе оди постепено, за да не се наруши балансот на пазарот и да се испитаат сите финансиски импликации од тој потег.

„Правиме анализи со Министерството за финансии и со Службата за општи и заеднички работи, како институција што ги врши јавните набавки за речиси сите државни институции. Имаме тековни договори кои мора да ги испочитуваме и правиме финансиска анализа за следните набавки и договори“, вели Нуредини за „СДК.мк“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.