Министерот за правда Бојан Маричиќ не знае колку затвори има во Република Македонија, а ниту пак колку лица се лишени од слобода.

Во вечерашната дебата во емисијата Анализа на телевизија 24, претседателот на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски, го праша министерот за правда Бојан Маричиќ дали знае колку затвори има во Македонија.

Господине Маричиќ знаете ли колку затвори има во Македонија, праша Менкиноски.

На ова Маричиќ одговори само со доволно.

Доволно за да ги смести сите криминалци, вели Маричиќ.

Менкиноски инсистираше Маричиќ јавно да одговори колку затвори има во Македонија, но Маричиќ се бранеше дека тоа е работа на Управата за извршување на санкции.

Имате министер за правда кој не знае колку затвори има, а тоа е во делокругот на неговата работа. А знаете колку лица лишени од слобода има, дали знаете, го праша Менкиноски.

Тоа е работа на Управата за извршување на санкции, се бранеше Маричиќ.

Како да разговараме за сериозни работи кога министерот не знае колку затвори има, порача Менкиноски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.