Шефот на дипломатијата Бујар Османи утре ќе биде домаќин на казахстанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Мухтар Тлеуберди, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Како што информираат од МНР, во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи, особено мултилатералната соработка на двете држави, со посебен акцент во Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), со која Македонија ќе претседава по две месеци, а ќе бидат разменети мислења и за други актуелни прашања во надворешната политика.

Во рамки на неговиот престој во Скопје, Тлеуберди се очекува да се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.