Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини преку „Фејсбук“ информира дека поради деловен контакт со позитивно лице тој од вчера е во самоизолација.

Би сакал да ве известам дека заради претпазливост од вчера изутрина сум во самоизолација. Бев информиран дека лице со кое имав работна средба во вторникот добило позитивен резултат од тестот за КОВИД19 и иако беа испочитувани протоколите за држење физичка дистанца, бев потенцијално изложен на вирусот. Се тестирав вчера изутрина и со цел да не го ризикувам здравјето и благосостојбата на останатите останав дома оттогаш. Резултатот од тестот е негативен, но во согласност со препораката добиена од епидемиолозите, ќе останам во самоизолација во деновите кои претстојат и ќе работам од дома.
Ви посакувам добро здравје на сите и искрено ве замолувам да водите грижа за вас и сите околу вас!, напиша тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.