Скоро 30 илјади заболени и илјада починати, но и по осум месеци од македонскиот министер за здравство слушаме иста песна – состојбата е под контрола, а ако не е – народот е крив. Во време кога болниците рапидно се полнат пациенти од ковид-19, а останатите пациенти, пак, се молат за кревет и термин, министерот за здравство Венко Филипче дрско и арогантно ги отфрла сите обвинувања дека со пандемијата лошо се справува и дека понуда за оставка е најмалку што може да направи.

И додека во Македонија народот е виновен и вирусот е лебдечки, иако секоја недела членови на владата завршуваат во изолација, во светот министрите за здравство не замижуваат пред црните бројки. Министерот доктор Филипче би требало добро да знае дека црните бројки не се статистика, туку човечки животи. Но, за да го види тоа, минстерот доктор треба да биде и човек.

Доблест да признаат дека нешто погрешиле во водењето на битката против ковид-19 имале доста министри за здравство во светот светот. Така, уште на почетокот на пандемијата, само поради несогласување со претседателот Жаиро Болсонаро за тоа каков лек да се користи против вирусот оставка си даде бразилскиот министер за здравство Нелсон Теих.

Во март, неповиклива оставка даде и романскиот министер за здравство Виктор Костаке, затоа што неговиот предлог да бидат тестирани за коронавирус сите жители на Букурешт преку мобилни екипи по методот од врата на врата предизвика многубројни критики во јавноста.

 

Оставка поради критиките за справување со здравствената криза по зголемувањето на случаите на коронавирус во земјата поднесе и министерот за здравство на Чешка Адам Војтех.

На ваков чекор се одлучија и министрите од Холандија, Полска, Пакистан


Дури и во Нов Зеланд, земјата која двапати успешно се избори со контролирање на ширењето на ковид-19 своја оставка понуди министерот за здравство Дејвид Кларк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.