Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан денеска со неговиот тим пешачел 36 километри за да стигне до домот на Атиџе Муратова, главниот јунак од филмот „Медена замја“.

Ја посетивме Хатиџе Муратова, протагонистот на македонскиот документарен филм “Медена земја”, која ги освои срцата на целиот свет со својата приказна и својата љубов кон природата и кон сите живи суштества. Пешачевме околу 36 километри (7часа) од с.Дорфулија до с.Бекирлија каде што живее хероината и каде беше снимен филмот. Низ филмот Хатиџе не учи на изгубените вредности, а гледаме и како алчноста на луѓето ја уништува земјата. Филмот достигна светски успеси, има добиено бројни награди и две номинации за оскар. После нашиот разговор со неа увидовме дека покрај успехот на филмот скромноста, гостопримството и добрината на Хатиџе се неизмерни, напиша Хасан на „Фејсбук“.

Хасан стана министер во декември 2018 година. Тој е доктор на науки кој ги застапува правата на турската заедница во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.