Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска донираше заштитина опрема во неколку клиники.

Предизвикот да се спасат човечките животи од налетот на коронавирусот уште еднаш не потсети за важноста која луѓето во белите мантили ја имаат во нашето општество, нашата држава и целиот свет. Поддршката за нив е повеќе од потребна и повеќе од значајна во вакви специфични времиња кога тие се во првите редови во битката против невидливиот пријател. Денес дониравме дел од заштитната опрема која ја добивме од нашите пријатели од Унгарија и Словенија. Донацијата е наменета за вработените на Клиниката за гинекологија и акушерство, Kлиниката за инфективни болести и Клиниката за гастроентерохепатологија, вели министерот Чулев.

Тој во свое име и во име на Министерството за внатрешни работи им се заблагодарил за посветеноста и истрајноста со која ги извршуваат своите работни задачи.

Во таа насока од наша страна ја имаат сета неопходна помош и поддршка. Им посакавме да имаат сила и здравје до крај да се изборат со пандемијата која непланирано го смени текот на човековото живеење, рече Чулев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.