Никогаш не сум споменал дека друго лице е виновно, рече денеска премиерот Зоран Заев за масакрот кај Смилковско Езеро, коментирајќи ги завршните зборови за „Монструм“.

За ова има доста реакции во јавноста, меѓу кои и на пратеникот Антонио Милошоски, кој рече дека накратко – Заев е монструм.

Свесно го злоупотребил „Монструм“, ја злоупотребил болката на родителите на убиените момчиња кај Смилковско, намерно ја манипулирал јавноста за да шири меѓуверска омраза и гнев, смислено пласирал лажни вести за политички нарачатели на егзекуцијата Накратко Зоран Заеве монструм!, пишува Милошоски.

Уште во текот на постапката и самите родители на убиените момчиња порачаа дека поради неговите лаги, Зоран Заев е поголем монструм од убијците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.