Антонијо Милошоски на Фејсбук му одговори на Зоран Заев кој рече дека пратеникот на ВМРО ДПМНЕ не ја говори вистината кога кажал дека премиерот на лидерската средба изјавил оти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за десет дека ќе биде пуштена во домашен притовор.
Заев денес се обиде невешто да демантира, но добро е што призна дека бил во комуникација со адвокатот на рекетарката Катица Јанева. Сега е уште побитно да одговори на неколку прашања.
Прво, во кое својство премиер на држава, кој не ни обвинител, ни судија, во екот на најголемиот скандал на правосудството во историјата на Македонија, е во контакт баш со адвокатот на осомничената рекетарката и зошто со неа разговарале за мерките за обезбедување притвор или куќен притвор за Катица Јанева?
Второ, од каде доаѓа потребата на адвокатката Ирена Фрчкоска да го извести токму премиерот Заев за тоа кои чекори ќе ги превземе осомничената Катица Јанева?
И трето, дали оваа блиска координација на адвокатката и премиерот е во улога на “консилиере” на групата за “Рекет” и кој е тука главниот?, прашува Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.