Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на собраниската седница за Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство даде поддршка за овој закон и се согласи дека МТСП и телото кое во иднина ќе се занимава со оваа проблематика не треба да води само регистар за жртвите на родово базирано насилство, туку да води и регистар на сторителите на родово базирано насилство.

Тој предложи до МТСП и до Клубот на жени пратенички во иднина нормата за изршено родово насилство врз жена да се воведе како критериум и во други закони, особено во законите за избор на градоначалници, пратеници, министри во Владата и други државни функции…

Милошоски во неговото излагање пред пратениците изнесе досега непозната информација за јавноста и рече дека во Собранието има пратеник кој извршил силување врз жена, а за тоа си ја одлежал казната.

Имаме колега пратеник кој извршил силување врз жена. Одлежал казна ама сепак сега врши висока функција. Барам предлогот да не може да извршува висока функција како градоначалник, пратеник, министер да се вметне во законите за избор на градоначалници, пратеници и за избор на влада, човек кој извршил родово базирано насилство врз жена, рече Милошоски.

Милошоски рече дека идентитот на патеникот нема да го открие, бидејќи не сака да буде лоши спомени кај жртвта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.