Пратеникот Антонијо Милошоски од свои извори дознава дека во МНР не постои архивиран записник од разговорите меѓу премиерот Зоран Заев и лажниот Петро Порошенко и лажниот Столтенберг, како што тврдеше премиерот Зоран Заев на вонредната прес-конференција одржана на 9 јули.

Според релевантни извори од МНР не постои уредно архивиран записник од советниците Бојан Маричиќ и Дане Талески од првиот разговор на Заев со Лажниот Порошенко (август 2018та). Но, дали Заев ја говори вистината или ги манипулирал новинарите, наскоро ќе дознаеме, преку обврската на премиерот и министерот за надворешни да одговорат на пратеничко прашање!, пишува Милошоски на Фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.