Се гледа дека гласачите имаат недоверба кон актуелната власт, тоа е првиот момент. Вториот момент е актуелната политичка, економска и социјална состојба во државата, која што е можеби најлоша од 1993-94 година наваму кога чекавме во редици за бензин. А, сега се чека за поевтина струја, поевтино гориво, или за поевтини прехранбени производи, но сето тоа изгледа невозможно при ваква инфлација. И ваквите состојби опозицијата може добро да ги искористи, но само под услов доколку понуди добри кадровски решенија“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на Радио Лидер.

Милошоски додаде дека ако ВМРО-ДПМНЕ беше на власт имаше подобри економски показатели и во време на ваква економска криза. Секој месец ќе имаше подобрување.

„Владата на СДСМ се одржува токму на овие помали партии со по еден, два или три пратеници. Најмногу им одговара слабо мнозинство бидејќи во едно такво слабо мнозинство од 62 или 64 пратеници, вашите еден, два или три пратеници вредат многу повеќе отколку во Влада која што би имала посериозна бројка на пратеници и постабилно мнозинство. Но, нека продолжат на овој начин. Ако не ја примија пораката на локалните избори веројатно ќе бидат свесни и ќе ја примат на следните парламентарни избори кои што јас сметам дека ќе бидат предвремени“, рече Милошоски.

Милошоски посочи дека преку медиумите можеше да се забележи дека Ковачевски како мандатар бил одбиен од најмалку четири или пет можни кандидати за различни министерски позиции. Што значи тоа? Тоа значи дека разговарал со посериозни луѓе со подобро портфолио, но тие луѓе кои што се посериозни и имаат подобар интегритет ја прават проценката дека оваа Влада не ја движи државата во добра насока и го одбиле Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.