Под мотото „Оставка на Заев, слобода за Македонија“ вечерва се одржа протест и во Кичево. Пред кичевци се обрати нивниот сограѓанин, пратеникот Антонијо Милошоски.

Македонија гледаме дека и економски, национално, уставно и образовно, во секој поглед назадува, за жал и наместо ветувањата на Заев дека ќе ја однесе државата во европски Париз, тој заглави во бугарскиот Пазарџик. Сметаме дека ваков корумпиран политичар за кого што националните интереси се предмет на трговија, треба што побрзо Заев да си даде оставка за Македонија да да може да биде понормална и развиена држава, рече Милошоски.

Милошоски рече дека Заев единствено во што успеал е да ги ообедини граѓаните против себе.

И тие што не веруваа за каков неурамнотежен политичар станува збор, сега може да се уверат дека Заев е проблемот на Македонија, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.