Антонио Милошоски во емисијата „Патот кон“ на телевизија „Алсат“ рече дека „Венецијанската комисија не е самопослуга од која си одбирате само тоа што ви се допаѓа“.

Потценувачки е што владата се однесува кон Венецијанската комисија како кон самопослуга, од која одбирате што ви се допаѓа, а ги отфрлат препораките што не ви се допаѓаат. Особено што во извештајот на Венецијанската комисија се укажува дека законот за јазици е нефункционален и ќе влијае штетно на правосудниот систем и неговата неефикасност. Ова е една правна шлаканица од Венецијанската комисија за македонската влада, истакна Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.