Пратеникот Антонио Милошоски денеска во Собранието пред медиумите го сподели ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по однос на, како што вели, скандалозниот предлог закон кој што дојде во Собранието, а се однесуваше на именување на членовите за одговорност за клевета и навреда.

За првпат, после едноумието се воведува една формулација каде што би се санкционирало и негативно мислење. Сега гледаме дека власта ретерира и тоа негативно мислење има намера да го преформулира во омаловажувачко или понижувачко мислење но сепак се гледа дека тенденцијата е да се ограничи критиката кон функционерите од власта. Ова воопшто не зачудува бидејќи автор на овој текст е академикот Камбовски кој што во 1987 година го казнуваше професорот Маријановиќ зошто сакал да се укине вербалниот деликт.
Нашата порака до министерот Тупанчевски е да го смени последниот министер на Милошевиќ кој што на мала врата го протнува овој вербален деликт, порача Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.