Интересно е да се знае кој заеднички договор со осомничената го има власта, што сеуште ја штити обвинителката Катица Јанева. Толку ли многу тајни знае Катица Јанева, затоа што таа знае премногу информации за тоа кој сè од власта е вмешан во „Рекет“, коментира пратеникот Антонио Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ денес предложи Собранието да ја разреши СЈО Катица Јанева, согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители за спец.обвинителка да биде разрешена. Дополнителен аргумент е што Јанева е во притвор и е осомничена за случајот Рекет, а истовремено дава и одлуки и наредби од притвор, кои се противзаконски. Парламентарното мнозинство со 58 гласа го отфрли предлогот Катица Јанева да биде разрешена од позицијата спец јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.