Граѓаните се уморни од неспособноста на владата на СДСМ и ДУИ. Вие немате изборен легитимитет, вие не сте го добиле легитимитетот од граѓаните, рече Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ги доведовте од живот за сите до криза за сите, од едно општество за сите, од надоброто за мојата општина дојдовме до копање на биткоини од Елвис и Габриел – рече Милошоски.

Милошоски по однос на надворешната политика напомена дека Бујар Османи не е подобен да го води тој сектор и дека владата на СДСМ и ДУИ е таа која има добивано датуми кои никој не ги видел, а воедно со скандали го наруши имиџот на Македонија пред меѓународната јавност.

Тимот за надворешна политика е  многу слаби и компромитиран. Според мене досегашната влада ќе остане запаметена како единствена влада која 4 години нема амбасадор во Вашингтон. Сите зборуваме за стратешкиот партнер САД, но сега 4 години нема амбасадор. Имаа обид Фрчковски да го постават, но тој обид пропадна затоа што Фрчковски е единствениот за кого сме добиле вербална нота дека не е подобен да биде амбасадор и тоа владата ја рангира многу ниско во надворешната политика. Потоа и неуспешен обид да го пратат во Обединети нации. Трета работа е Миле Миленковски, кандидат за заменик на амбасадорот во ОБСЕ кој од Ерменија превезуваше бизнисмени и сега не е конзул, но е во Врање. Затоа предлогот за министер за надворешни работи не е добар, потенцираше Милошоски.

Тој истакна дека генерално пензионерите, студентите, просечните граѓани денес се осиромашени повеќе отколку пред 5 години кога СДСМ и ДУИ формираа влада.

Владата на СДСМ и ДУИ не е решение за проблемите, бидејќи по 5 години се гледа дека самата влада е генератор на нови проблеми и кризи за граѓаните. Економска криза, здравствена криза, енергетска криза, топлинска криза, инфлациска криза, криза со пожарите, никој не сноси никаква одговорст и таа неодговорност ќе продолжи понатаму, нагласи Милошоски.

Тој посочи дека Ковачевски во програмата има континуитет со интересите на Заев и неговата фамилија и доказ за тоа е ставање како приоритет на легализирањето на трговијата со марихуана.

Министерот Венко Филипче 3-4 пати останувал до полноќ единствено кога се разговараше за легализација на марихуана, но за среќа не помина. Ваквата работа не е потребна, а против тоа се земјите од регионот меѓу кои членките на ЕУ, Хрватска, Грција и Бугарија, затоа што ако за едно село Лазрат во Албанија цела ЕУ го стави на листа да биде санирано и да нема нелегална трговија, тогаш замислете каков проблем ќе биде во Македонија, тука нарко мафијата ќе најде прибежиште и затоа не ја правете Македонија да биде Колумбија во Европа, изјави Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.