Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на фејсбук објави документ од системот за јавни набавки, според кој, владеачките партии ќе го мерат рејтингот на владините политики, и ефикасноста од истите, односно, како што наведува тој, рејтингот на нивните градоначалници и кандидати за 102.000 евра, буџетски пари.

Среде пандемија и тешка економска криза, владината коалиција со буџетски 102.000€ (без ДДВ) ќе си плаќа анкети за мерење на рејтингот на нивните градоначалници и кандидати.
А има толку многу реални потреби и проблеми што треба да се решаваат со буџетските средства, пишува Милошоски на фејсбук.

📌Среде пандемија и тешка економска криза, владината коалиција со буџетски 102.000€ (без ДДВ) ќе си плаќа анкети за…

Posted by Antonio Miloshoski on Friday, 23 April 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.