Специјалното јавно обвинителство и власта ја уценуваа ВМРО-ДПМНЕ со отворените истраги на СЈО во замена за гласање на промени на Уставот и престанок на отворените критики кон владата.

Ова вечерва во „Само вистина“ го откри пратеникот Антонио Милошоски, кој додаде дека и врз него лично имало доста притисоци.

Преку луѓето кои беа ангажирани како наши правни застапници испраќаа пораки дека „доколку намалите со критика и гласате за уставните промени, доколку бидете соработливи за одредени прашања кои се битни за власта да поминат со двотретинско мнозинство, СЈО нема да ве тормози со било какви основани или неосновани случаи“, рече Милошоски.

Целото гостување на Милошоски:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.