Од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, денеска кажаа дека имаат сигурна победа во 19 општини. Ова го истакна Антонио Милошоски.

„Победуваме во првиот круг во најмалку 19 општини, а можеби ќе бидат и повеќе. Победуваме во Прилеп, Неготино, Кавадарци, Могила, Новаци, Градско, Петровец, Илинден, Сопиште, Јегуновце, Карбинци, Зрновци, Кратово, Свети Николе, Виница, Градско, Босилово, Штип, Велес. На чекор сме на победа во Охрид. Имаме голема предност во Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. Водство во Ѓорче Петров и во Бутел. За Град Скопје, Арсовска има блага предност пред Шилегов“, рече Милошоски за Канал 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.