Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски во интервју за Магазин.мк вели дека одлуката за предвремени избори политичарите одамна ја насетувале, а едиствен кој негирал бил премиерот Зоран Заев. Во разговорот Милошоски открива кои се плановите на неговата матична партија и дека ВМРО како партија ќе стави акцент на образованието, здравството, привлекувањето на странските иневестици, спортот, животната средина и земјоделието. Ветуваат дека граѓаните ќе имаат подобри услови доколку довербата повторно ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој се осврнува и на надворешната политика, односно на одговорноста за недобивање датум за преговори. Милошоски смета дека Макрон ја кажал вистината која премиерот Зоран Заев и актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров ја прикрија од граѓаните, односно дека референдумот беше за преименување на државата во Северна Македонија, а не за влез во ЕУ.

Во овој контекст Заев би го оставил настрана, бидејќи како премиер тој ќе си поднесе оставка за севкупните лоши владини политики, од распространетата корупција, преку нестабилните економски и даночни политики, рекетирањето на фирмите, па се до заборавањето на неговите розеви ветувања кон младите луѓе и студентите. Но, сметам дека министрите Димитров и Бујар Османи имаат директна политичка одговорност за фијаското на последниот Совет на ЕУ во Брисел, за што требаше макар од морални причини да му понудат оставки на премиерот, бидејќи тие двајца го знаеле ставот на официјален Париз и на Макрон неколку месеци пред фијаското во Брисел. Одговорноста на Димитров и Османи е уште поголема за тоа што лани го лажеа народот дека сме добиле датум за ЕУ, а годинава целата тензија во општеството заради тој неуспех се обидуваат да ја амортизираат со префрлање на одговорноста на било кој друг, само тие да не се одговорни. И на крајот, нечесно е народот со месеци да го манипулирате по јавни собири, квази музички фестивали и со пропаганда за референдумот да излезат и да гласаат “ЗА Европска Македонија“, а на крајот да му ја сервирате преименуваната Северна Македонија на тацната на “Мал Шенген“ како успешен проект. Па барем за “Мал Шенген“ не мораа така грубо да ги кршат собраниските процедури, да го силуваат менувањето на уставот и бесправно да притвораат и да амнестираат пратеници согласно нивните политички калкулации. Но, по се изгледа дека на Османи и Димитров фотељите им се поважни од оставките.

Според него Шансите Македонија овој октомври да го добиеше одамна заслужениот датум за преговори со ЕУ ќе беа многу поголеми доколку нашата влада и дипломатија вложеа поголеми напори земјата да не се третира во регионален пакет, туку поединечно.

Тоа е уште една тема на која Димитров и Османи делуваа како расштиман оркестар, бидејќи првиот срамежливо лобираше за раздвојување на пакетот Македонија-Албанија, додека вториот кратковидо, повеќе ги промовираше партиските позиции, отколку државните интереси. Како и да е, многу нивни странски соговорници од членките на ЕУ беа оправдано збунети пред ваквото некорисно двојство во надворешната политика на Македонија. И ова во одредена мерка придонесе од кандидат пред масата за преговори во Брисел, да се најдеме на масата на “Мал Шенген“ со Албанија и Србија. Нема да биде лесно да се поправи оваа дипломатска грешка, Хрватското претседавање доаѓа брзо, но реално не верувам дека дотогаш ЕУ ќе има консензус за новата методологија предложена од Париз, и ќе треба да се вложат максимални напори од целата држава за Македонија евентуално да добие одлука за почеток на преговори во текот на германското претседателство во второто полугодие од 2020 година.


Целото интервју ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.