Пратеникот Антонио Милошоски кој ја објави „бомбата“ за поранешниот премиер Зоран Заев, денеска излезе со појаснување како и каде таа е настаната.
Милошоски тврди дека Заев лаже дека  ја снимил некој од пратениците со кои често се среќавал во владата.
Овој заклучок може да се извлече од доставениот трснскрип од укажувачот, во кој е наведено дека разговорот се случува во присуство на З.З., едно лице опфатено со случајот “Рекет” и едно н.н. лице, во текот на Мај 2019 година.
Но, доколку владата и/или обвинителството имаат воља да се дознае дали Заев лаже или не, тоа е многу едноставно. Владата и влезот во премиерскиот кабинет, заради безбедносни причини, се под постојан видео надзор и не е воопшто тешко да се провери кои биле гостите на Заев во текот на Мај 2019-та. Но, изгледа дека Заев нешто крие, а тој најдобро знае што крие и зошто лаже-објаснува Милошоски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.