Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на новинарско прашање што мисли околу потегот на Владата да го зголеми полицискиот час, истакна дека полицискиот час важи само за оние граѓани кои што чесно и поштено го почитуваат, а не важи за државните функционери кои летуваат во ексклузивни места во светот.

-Гледаме дека и сегашната состојба со голем број заразени и голем број на жртви е доволен показател дека ваквите паушални мерки не ги даваат потребните резултати. Штом немаме вакцини за имунизација на населението, секоја друга мерка не може да биде компатибилна со она што е реална потреба. И на крајот на краиштата, полицискиот час значи дека имаме неспособна Влада која што носи мерки кои на некој начин значат казнување на граѓаните, истакна Милошоски.

Тој смета дека ова е поигрување и не конзистентно однесување на власта.

Пред една година само за 200 заразени дневно Владата воведуваше долго дневни карантини, а сега гледаме дека тој принцип не важи. Тоа само покажува дека власта си игра политика, наместо да го менаџира овој здравствен ризик кој што донесува голема економска штета, посочи Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.