Бесрамна е изјавата на владиниот советник Пивоваров кој вината за автобуската несреќа во Бугарија ја префрли врз 45-те изгорени граѓани, кои требало да проверат дали БЕСА ТРАНС има легална лиценца или шверцува автобуси преку царина без лиценца 135 пати во годината. Тие изгорени граѓани до вчера плаќале даноци за Пивоваров да зема висока плата во владата, револтирано коментира пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски смета дека изјавата не е случајна. Владиниот советник Пивоваров со изјавата не само што ја релативизира одговорноста на министрите Бочварски и Спасовски, туку директно ја штити од одговорност и Царинската управа, каде неговата сопруга Валентина Пивоварова е главен кадровик, помошник директор за човечки ресурси.

Сопругата на Пивоваров одлучува кој од Царината е подобен да биде одговорен за одреден граничен премин, и во која смена.
Но јавноста веќе знае, ниту сопственикот на БЕСА ТРАНС, колку и да бил вешт, не можел без организирана асистенција од Царинската управа, МВР и Инспекторатот за транспорт да го шверцува дури 135 пати нелиценцираниот автобус до Истанбул и назад. Државните институции биле соучесници во овој шверцерски криминал, кој за жал со живот го платија 45 невини жртви, пишува Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.