Писмата кои Катица Јанева ги испраќа од притвор не се по нејзина иницијатива, вели пратеникот Антонио Милошоски, кој по денешната средба на работните групи за Законот за обвинителство, рече дека и натаму се далеку од договор со власта.

Клучните разлики остануваат без заеднички консензус. Имаме цврсти аргументи да понудиме консензус за приваќање на квалитетен Закон за обвнителство, но најмногу зависи од политичката волја и од Министерството за правда. Ме зачудува што од коалицијата СДСМ или ДУИ поднесуваат амандмани кои Владата веќе ги прифатила. Сите сме сведоци од писма од притвор. Ние го имаме коментар: секој притворен обвинител, се смета дека е оддалечен од работното место, односно суспендиран. Писмата не се нејзина самостојна иницијатива, се работи за една добро координирана акција меѓу Заев, рекетарката Јанева, министерката за правда, Вилма Рускоска и обвинителот Јовески, рече Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.