Фатиме Фетаи најдобро знае дека Заев лаже дека ги немал, не ги знаел, не ги предал објавените 5 од 6 снимки, кои УБК нелегално ги снимила за мене во 2011 година, вели пратеникот Антонио Милошоски, за неодамна објавените снимки од него.

Истите 6 снимки обвинителката Фатиме, по налог на лицето З.З. и Катица, ги работела во февруари 2018, и во СЈО повикала странка, сведок (машко лице), со кого заедно ги слушале снимките, вклучително и 6-тата која Заев сега решил да не се објави, бидејќи докажува нема дело. Повиканиот сведок и СЈО си имаат уреден записник за овој настан и преслушаните снимки, кои сега се во посед на ЈО, вели Милошоски.

Според Милошоски, ова докажува прво дека Заев предал многу снимки во СЈО, и второ дека од истите нелегални снимки Заев поседува копии и лично нарачува нивни монтажни и објави, што е кривично дело.

Копиите кои ги поседува Заев се илјадници на број и опфаќаат приватни, деловни, службени и политички разговори на пратеници, лидери на неколку политички партии, влијателни стопанственици, истакнати новинари и неколку сопственици на медиуми. Заев и досега ги злоупотребувал и во иднина (во потесен круг, лично со жртвите или јавно) ќе ги злоупотребува овие снимки за уцени, политички притисок и медиумска послушност и стопанско рекетирање, а се со цел тој да се спаси од одговорност. Но, времето на З.З. завршува. Како дојде, така ќе си оди. Ако прифати ТВ дуел со мене, ќе го отворам како пупка. Но, и ако не прифати, исто му се фаќа, порача Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.