Господинот Бујар Османи како член на ДУИ може да предлага менување на статутот на ДУИ, ако имаат за тоа потреба или ако за тоа чувствуваат некакви понуди или притисоци од своите членови, рече денеска пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски по средбата со туристички и здравствени работници во Охрид

Како министер за надворешни работи Бујар Османи нема право да го нуди македонскиот Устав бидејќи тој не е на распродажба и да ја отвора Пандорината кутија, за да задоволи нечии големодржавни интереси – истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека македонскиот Устав е сосем пристоен, демократски, европски Устав и нема потреба истиот да биде предмет на поткусурување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.