Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа посочи дека проблемот со Бугарија и најавеното вето од бугарска страна и смета дека ноември не е последниот месец за донесување на одлука за отпочнување на меѓувладината конференција.

Бугарија ги зајакнува своите позициии и прашање е на време дали Бугарија ќе одлучи да ја блокира Македонија на самиот старт или ќе го помести за некоја од следните фази во разговорите помеѓу Македонија и Европската комисија. На ова укажавме уште во март годинава кога се одржа советот на Европската унија и кога бугарската делегација успеа со подобра дипломатска активност да си додаде една изјава која стана составен дел од заклучоците на советот на Унијата и кој се однесува на јазикот. Дури и го оспоруваат и сменетото уставно име и тезата за ширење на државно спонзорирана антибугарска пропаганда. Според мои сознанија, за време на посетата на Османи на Софија имал средба и со Борисов и Захариева и дека на средбата со Захариева, Османи има добиено нон пејпер на кои се наведени условите под кои Бугарија би дозволила да почне меѓувладината конференција без да ја блокира Македонија и за тоа се известени и министерот Димитров и премиерот Заев. Од нивна страна нема подготвеност да се разговара за тоа во Собранието и на лидерска средба, рече Милошоски.

Тој вели дека Македонија  за заканите за воена сила од бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов требало да врачи протестна нота или демарш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.