Заев не успеа да донесе инвестиции, не успеа да го подобри здравството, не успеа да го заштити достоинството на државата, не успеа да направи подобар живот што го нудеше. Успеа во две работи да направи многу предавста и успеа да да ги обедини граѓаните на Македонија против Заеви. Затоа нашата порака е оставка за Заев, слобода за Mакедонија.

Oва од вечерашниот протест во Велес го порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој рече дека оваа парола ја поддржуваат многу граѓани без разлика политички каде припаѓаат, без разлика национално каде припаѓаат или кој им е мајчиниот јазик.

Многу граѓани стануваат секој ден посвесни дека со Заев нивниот живот станува потежок. Животот во Македонија станува потежок, понижувањата за Македонија за жал стануваат поголеми и затоа сметаме дека Македонија може да го направи првиот чекор напред и во еконосмка и во здравствена и во национална и во инвестициска смисла и во секоја друга кога Заев ќе падне од власт, рече Милошоски.

Додаде дека затоа нивната порака е дека време е Заев да си даде оставка за државата да може да исчекори напред без разлика кој и каде политички припаѓа.

Треба да се обединиме против еден човек којшто е прилично неурамнотежен и како личност и како политичар и да ја зачуваме Македонија и како држава и да овозможиме да се движи напред, рече Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.