Од сите кандидати за пратеници на ВМРО пред секои избори било барано да прифатат два принципи.

Првиот, да ја почитуваат изборната програма на ВМРО врз основа на која гласачите им ја дале довербата и честа да бидат народни пратеници.

И второ, за македонските национални прашања да ја почитуваат вољата на народот на законски организиран референдум, ова на својот фејсбук профил го напиша пратеникот Антонио Милошоски, кој додаде дека гласачоте се тие кои добро знаат кој работи за нивната чест и воља, а кој ги продава.

Секој пратеник си знае за себе, но гласачите знаат уште подобро кој ја оправдал довербата на народот, а кој ја продал честа и вољата на гласачите за три сребреници, стои во статусот на Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.