Антонио Милошоски се заблагодари на своите сограѓани Кичевчани, пријатели и поддржувачи за поддршката и довербата, за која вели, ќе даде сè од себе да ја оправда во Собранието на Македонија.

Оваа кампања за жал бев хоспитализиран на Инфективна, каде сè уште се наоѓам заради Ковид-19, но ќе се преброди и ова и сите предизвици со кои се соочуваме во овие клучни моменти за државата.
Честитки за постигнатиот успех на сите МК и ОК, на првиот човек на ОК Ѓорѓија Сајкоски и на пожртвуваната претседателка на УЖ Oле Божиновска, како и Филип Митрески УМС.
Борбата за Македонија продолжува!, порача Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.