Сите ние сме и родители, и имаме родители кои се повозрасни и треба да гледаме да ја олсениме ситуацијата со здравјето на луѓето, ние не сме само политичари. Треба да се постигне договор затоа ВМРО-ДПМНЕ понуди повеќе варијанти за термин за избори и треба заедно и со здравствените лица и ДИК да постигнеме договор за термин за избори, рече Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија АлсатМ.

Според него од датумот за избори и изборите треба да произлезат решенија, а не дополнително комплицирање на ситуацијата.

Пример може да ја земеме Словенија со која сме слични по број на население. Тие имаа поефикасен план како да се нормализира ситуацијата и затоа се први кои во ЕУ прогласија крај на епидемијата на корона. Затоа и ние треба да направиме бројката да не расте, и тоа не води кон тоа дека не треба да се брза со избори. А тоа што нема Собрание не треба да биде изговор. Ние имавме процедура за распуштање на Собранието и ако владата постапува соодветно не треба изговор за брзање да биде што нема Собрание, посочи Милошоски.

Милошоски рече дека неколку недели не прават разлика каков ќе биде резултатот на изборите.

ВМРО-ДПМНЕ има проценка дека кога и да се случат изборите и ако бидат регуларни, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, рече Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.