Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во последниот парламентарен состав и кандидат за пратеник од оваа партија во петтата изборна единица, Антонијо Милошоски, на „Фејсбук“ објави дека и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати за коронавирусот, откако во вторникот беше хоспитализиран со зголемена телесна температура.

Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение.
И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата!
Секое добро, Антонио Милошоски, порача тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.