На конкурсот на МНР за вработување на 26 млади дипломати распишан лани во декември, за 26 работни места – млади дипломати во МНР се пријавиле 819 кандидати. Од нив 723 беа елиминирани од старт, објави денеска пратеникот Антонио Милошоски.

Во постот тој вели дека биле примени пет кандидати, „подобни за министерот, затоа што биле учесници во Шарената револуција, гушкачи на ГТЦ, роднини на истакнати членови на СДСМ“, а биле одбиени „неподобните“: магистранти и докторанти на елитни странски универзитети.

Оттука, Милошоски, поранешен шеф на дипломатијата го прашува актуелниот Никола Димитров:
– Дали учеството во Шарената револуција е сертификат за работа во МНР?
– Дали другарувањето и кафанската софра со функционери на СДСМ е еден од условите за кариерен дипломат?
– Дали веќе вработен вујко, чичко, татко во МНР значи дека и синот, ќерќата и внукот имаат наследно право да станат дипломати? (Поп Ангелов, ти текнува?)
– Дали Димитров планира да ги задржи младите во Македонија со ваква дискриминирачка селекција при вработување?
– Незгодно ли ти е и после 8 месеци да ги објавиш одлуките за избор на кандидати, иако имаш законска обврска, или чекаш другите 800 и кусур непримерни кандидати да заборават на конкурсот или да си заминат од Македонија, за да не поднесат жалба?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.