Македонија во декември нема да добие датум за преговори со ЕУ, а тоа најверојатно ќе биде така и во првата половина од 2022 година.

Вакви се заклучоците од разговорите што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност, во Вашингтон, ги имал со повеќе европски делегати.

Денес во Вашингтон на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност успеав да поразговарам со колегите Седрик Перин (Франција), Ине Сериде (Норвешка), Јан Фарски (Чешка Република), Моника Грегорчич (Словенија),  Мими Кодели (Албанија) и Аудронис Азубалис (Литванија) на теми од билатерален интерес, како и за дискусиите во Брисел поврзани со процесот на европските интеграции.

 

Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јан-јули 2022 година.

 

Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но се уште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел – вели Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.