Кодираните објави на новинарот Героски, заедно со дојавите од другите социјални мрежи, даваат сериозни индикации за злоупотреба на службената положба од страна на висок функционер во МВР (сопруг на пратеник од СДСМ во Собранието), со злоупотреба на прислушкувани снимки од СЈО/УБК за изнуда на големи пари од бизнисменот Фиат Цаноски, преку проектот „Рекет”, пишува на фејсбук пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Според него, ако на обвинителката Вилма Рускоска и е потребна помош, може да и помогне премиерот Зоран Заев.

Доколку на обвинителката Рускоска и треба помош во толкувањето на пораките и случајот, истата може да ја добие лично од премиерот Заев, кој слушам дека бил многу добро упатен во деталите од овој случај и потребно е да даде исказ!, пишува Милошоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.