На денешната собраниска седница, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски преку своја реплика истакна и потсети всушност зошто денес Собранието избира нов заменик министер.

Зошто денес избираме нов заменик министер за здравство? Затоа што новинарите открија дека претходниот заменик министер за здравство прима поткуп за афера која што ќе се докаже дали била аргументирана или не, потсети Милошоски.

Тој уште еднаш потенцираше дека, токму владините функционери кои се на чело на министерството за здравство ја отсликуваат вистинската состојба која владее во здравството во Македонија преку сомнителни милионски тендери и класични примери на примање на поткуп за вршење на здравствени услуги.

Но како и да е, ова за жал се највисоките официјални претставници на здравството и разликата помеѓу нив, помеѓу министерот, заменикот министер, директорот на фондот за здравство и другите е дали некој бил „ин флагранти“ фатен во примање поткуп или некој се уште не е фатен во примање на поткуп или местење на тендери, заврши Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.