Додека другите соседни земји трчаа по вакцини, министерот за здравство и премиерот трчале по провизии, рече денеска пратеникот Антонио Милошоски зборувајќи за документот кој го поседува ВМРО-ДПМНЕ, а во кој се прикажува дека Министерството за здравство иако негираше сепак уплатиле скоро осум милиони долари на фантом фирмата во Хонг Конг.

Оваа фантом фирма според уплатата требало да ни ги продаде вакцините за двојно повисока цена од набавната. Ако МЗ не трчаше по провизии и вакцинацијата почнеше во јануари, а не пет месеци подоцна, сметаме дека барем 500 животи на наши сограѓани ќе беа спасени со подобра здравствена организација, рече Милошоски.

Тој апелираше министерот Филипче да се фокусира повеќе на спасување на животи и средување на здравството, а не да трча по провизии.

Претходно, на новинарски брифинг претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го покажа документот на кој се гледа уплатата од страна на МЗ на сметката на „Старби интернешнал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.