Грешката на Филипче беше стратегијата за короната да му ја води Коста Петров. Повеќе се даваше значење на ПР моменот. Тој повеќе се грижеше за тоа како ќе биде преставен во јавноста, отколку да се грижи за справување со заразата, нагласи Антонио Милошоски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Тв.

Тој смета дека главниот проблем покрај министерот Филипче е и Комисијата за заразни болести за која ВМРО-ДПМНЕ бараше да се смени.

Наместо да дејствува како министер тој се постави како портпарол на министерството за здравство што беше грешка.Расфрлањето со изјави за политичар е луксуз кој тешко може да си го дозволи во ситација кога имате портпарол кој може да згреши а министерот е тука да го поправи-рече Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.