Го знам Стево Пендаровски од 2000 година и како портпароли заедно сме биле пред камерите на десетици новинари во кризната 2001, но и на ТВ расправи за политика во изминативе 15 години.
Но, никогаш досега не сум го видел Стево така НЕРВОЗЕН и напнат, како на денешната ТВ дебата на Сител (Детектор).
Има нешто, а што е тоа, тој најдобро си знае.
Сега во 23:30 повторно ќе ја гледам РЕПРИЗАТА на Сител! – вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоск го коментира настапот на кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, на денешната дебата со Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.