Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски на Фејсбук го споделува ставоот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари кои тврдат дека во аптеките во Македонија го нема лекот клексан.

Министерот Венко Филипче има добри PR агенции со кои може да манипулира дел од граѓаните, но сепак тие ресурси изгледа не се доволни за да ги излаже неговите колеги лекари.
Во меѓувреме, за жал, пациентите кои се лекуваат во домашни услови ги трпат штетните последици, пишува Милошоски на фејсбук.

Милошоски викендов објави дека клексанот не е на позитивната листа на лекови, а од Министерството за здравство демантираа, велејќи дека лекот клексан може да се купи и од аптека со рецепт препишана само од специјалист, а потоа парите ФЗО ги рефундира.

Асоцијацијата на специјализанти и млди лекари АМСЛ вчера преку свој пост на фејсбук ги повика новинарите да истражат каде го има клексанот и другиот лек против згрутчување на крвта во форма на готова инекција.

Од Асоцијацијата тврдат дека ги нема овие лекови.

„Ги повикуваме новинарите да истражат во кои аптеки може да се набави готова инекција од типот на Clexane, Fraxiparine?

Ние тврдиме дека нема“, напишаа од Асоцијацијата на својот фејсбук профил.

📌Министерот Венко Филипче има добри PR агенции со кои може да манипулира дел од граѓаните, но сепак тие ресурси изгледа…

Posted by Antonio Miloshoski on Monday, 25 January 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.