Пратеникот Антонио Милошоски го праша евроамбасадорот Жбогар зошто ЕУ молчи кога власта во Македонија го злоупотребува европското знаменце, дури и за донесување на законот за марихуана. Прашањето е поставено за време на расправата во Комисијата за европски прашања, на која Жбогар и беше гостин.

Точно е пропишано кај нас за што се употребува европското знаменце, но Владата го злоупотребува дури и за донесување на законот за марихуана, а делегацијата молчи за тоа, праша Милошоски.

Евроамбасадорот Жбогар, кој претходно имаше обраќање во кое зборуваше за перцепцијата врз општествената констелација во државата и побара партиите да ги смират предизборните тензии, одбегна да одговори на ова конкретно прашање на пратеникот, кое ја засега ЕУ, особено што се работи за држава која сака да стане член на европското семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.