Време е за оставка❗
Размазениот министер 👔 во септември 2018, кога ги манипулираше сопствените симпатизери пред референдумот, викаше “од нас зависи” европска Македонија. Се сликаше со премиерот во авион ✈, лажеше дека имаме датум за ЕУ, имаме план, дека тие како влада се најдобри, ќе не’ биде и во Брисел и во Софија со “добрите” договори што ги потпишале!
📌Но, вчера на Телма вика не чувствувам одговорност, не зависи од нас!? Владата не била одговорна што доживеавме и безброј национални понижувања, и вето за ЕУ?! А кој лажеше за датум, ако не Димитров? Кој потпишуваше штетни договори? Кој беше арогантно глув за сите забелешки на кои укажуваше опозицијата?
Затоа министре Димитров, што од кого зависи ќе видиме кога ќе ни дојдеш во Собрание на интерпелација!
Со маска 🥽, со шал🧣, со дистанца, со се! Интерпелацијата можеш да ја избегнеш единствено ако во меѓувреме си поднесеш оставка 📩, но за тоа е пресудно дали ти е побитен политичкиот морал, или политичката фотеља. Ти си знаеш!, пишува на Фејсбук, Антонио Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.