ВМРО-ДПМНЕ предлага суштински промени на предлог-законот за Јавно обвинителство кои треба да се вградат во македонското законодавство за во иднина обвинителството да не зависи од никого, изјави пред почетокот на меѓупартиската средба со СДСМ, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Ќе предложиме да се воспостави системот за судска пракса од ЕСЧП, а врз основа на пресуди од други земји. Ќе предложиме и буџет, повисоки плати, и соодветни услови за сите обвинители без разлика дали работат во Основните обвинителства, Вишите или Републичкото јавно обвинителство, рече Милошоски.

Прашан дали барањата на ВМРО-ДПМНЕ значат еден вид амнестија, Милошоски рече дека министерката за правда Рената Дескоска е единствената којашто предложила закон за амнестија и дека тој се надева дека тоа повеќе никогаш нема да го направи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.