Mило Ѓукановиќ, претседателот на Црна Гора, утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Македонија.со предвидена церемонија на полагање венец од на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас” во Скопје.

Шефот на македонската држава Стево Пендаровски ќе организира официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести пред „Вила Водно”, по што е закажана и тет-а-тет средба на двајцата претседатели.

Ѓукановиќ ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со премиерот Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.