Сериозно се подготвуваме за утрешната посета на македонскиот премиер Димитар Ковачевски на Бугарија, коментира бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков во интервју за неделната програма „Недела 150“ на БНР.

Според Милков, како што јавува дописникот на МИА од Софија, односите меѓу Бугарија и Македонија имаат многу димензии, тие се повеќеслојни и не можат да се мерат со прашањата за снабдување со електрична енергија од Бугарија во Македонија.
Милков, исто така, вели дека очекува да се разговара за широк спектар на прашања и да се направат видливи чекори за решавање на сите прашања.

 Работите ќе се разгледуваат во нивната меѓусебна зависност, рече Милков и додаде дека кога ќе дојде премиер од соседна држава, треба да се постават сите прашања кои би биле од интерес за двете земји.

Прес-центарот на бугарската влада веќе објави официјална информација за посетата на премиерот Ковачевски на Софија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.