Поранешни министри за локална самоуправа од картиците за репрезентација земале аванси кои дел се уште не се вратени, констатирала внатрешната ревизија, а откри актуелниот министер за локална самоуправа Горан Милевски во вечерашното гостување на „Само вистина“ на Канал 5.

Сметам дека функционерите не треба да користат картички. Има констатирано неправилности во тој дел од страна на внарешниот ревизор кој со моето доаѓање доби слобода да работи и едноставно да истражува во Министерството. Јас сум должен по тие наоди да постапам. Стапивме во контакт со Бирото за судско вештачење и целокупанта сметка за реперезентација и од оваа и од минатата година ќе ги истражи и се што ќе биде девијантно ќе поднесеме соодветни пријави, рече Милевски.

Тој додаде дека во однос на земените аванси имало над 30 илјади евра кои не се вратени или не се регулирани со сметка, а за тоа од кого се земени, рече дека се од неговите претходници, и дека некои се веќе застарени.

Дел од нив веќе подмируваат, дел се дадени со некои технички пропусти бидејќи немало потписи, но дел има и што не се вратени. Дел ги регулираа сметките, а оние кои не сакаат да ги регулираат ќе постапиме законски, рече минитерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.