Претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, го поддржа ставот на микробиологот Никола Пановски, кој посочи дека несериозно е да се менува актуелниот министер за здравство сред пандемија, коментирајќи ги најавите дека Беким Сали од Алтернатива ќе го превземе овој сектор. Пановски потенцираше дека доколку мора да има промена, подобро е тоа да се направи со некој што има искуство со здравствена политика и менаџирање на јавното здравство, а не со некој што е уходан, и не е доктор, туку стоматолог.

Став на професорот Пановски, но и на Централниот одбор на ЛДП.
Несериозни се одлуките и барањето на Алтернатива за промени во ресорот здравство на сред пандемиска криза, вели Милевски, споделувајќи го Пановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.