Лидерот на ЛДП Горан Милевски ја прифати одлуката на партијата да се кандидира на локалните избори за градоначалник на општина Битола.

Тој како што објави на Фејсбук ја доставил кандидатурата.

– Долго размислував дали да го прифатам предизвикот и да влезам во изборната трка. Не можев да се оглушам на барањето на членовите на партијата, како и на големиот број на граѓани кои бараа од мене да се кандидирам за градоначалник. Доколку не се кандидирав, ќе имав чувство дека сум ги предал очекувања и барања на моите пријатели и сограѓани. Тоа ќе беше голем терет за мене и немаше да можам да продолжам да работам со таквите чувства. Влегувам во трката без никакви притисоци за изборниот резултат. Ќе понудиме проекти, ќе ја претставиме нашата визија за развој на градот и ќе се обидеме да ги убедиме граѓаните да гласаат од срце, а не по наредба – напиша тој на фејсбук.

Тој најави дека ќе настапи со тим на кандидати за советници во кој има голем број на непартиски луѓе, ентузијасти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.