Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека ако дојдат на власт ќе предложат предлог Закон, да се испита потеклото на имотот на сите политичари. Држете го за збор! Еве го законот што сите го бараме веќе 30 години! За првпат некој политичар од ваква позиција има храброст да предложи вакво нешто, ова на својот Фејсбук го напиша Роберт Милески кој истакна дека овој закон треба да биде поддржан од сите политички партии. Според Милески, посебен оддел во јавното обвинителство треба да се занимава со оваа проблематика!

Конфискација на сè што е стекнато нелегално од парите на граѓаните и затвор за лоповите, додеда Милсески на Фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.